Zlatan Kapic
20 Мај 2022•Ажурирај: 21 Мај 2022
БЕЛГРАД (АА) - Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија соопшти дека пријави за подметнат експлозивен уред стигнале на имејл адресите на неколку основни и средни училишта во Србија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за 134 основни училишта на територијата на Школската управа на Нови Сад, како и некои училишта во Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија.
Овие образовни установи, со цел да ги заштитат учениците, ја известиле полицијата за пристигнатите закани.
Тимовите на Министерството за внатрешни работи се на терен, а до завршување на контрадиверзантските прегледи наставата ќе се одвива онлајн. Учениците ќе бидат вратени во училиштата по потврдата дека целосно е безбедно.
„За начинот на организирање на часовите и враќањето на настава со физичко присуство, училиштата ќе ги известат учениците и нивните родители по пат на редовните канали на комуникација“, се наведува во соопштението.