Almir Terzic
30 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
САРАЕВО
Владата на Словенија одлучи недостатокот на работна сила да го надомести со поголемо активирање на пензионерите. Се очекува мерките да стапат во сила до крајот на годината, известува Агенција Анадолија (АА).
Имено, Владата на Словенија го усвои предлог-законот за интервентни мерки за поддршка на пазарот на труд, што ќе овозможи зголемен обем на повремена и привремена работа на пензионерите поради недостатокот на работна сила поради бројните боледувања и карантин. Се очекува мерките да стапат во сила до крајот на годината.
Пензионерите сега ќе можат да извршуваат најмногу 90 часа привремена или повремена работа во календарскиот месец. Ќе можат да извршуваат и најмногу 120 часа во календарскиот месец, но не повеќе од три пати во календарската година. Во тој случај, збирот на одработените привремени или повремени часови во календарската година не може да биде поголем од 1.080 часа.
Според важечкиот закон, пензионер може да извршува привремена или повремена работа најмногу 60 часа во календарскиот месец, а неискористените часови не можат да се пренесат во наредниот календарски месец. Сегашното законодавство им дозволува на пензионерите да работат до 90 часа во календарскиот месец, трипати во календарската година. Збирот на изработените привремени или повремени работи во календарската година не може да биде поголем од 720 часа.
Владата го упати предлогот на интервентниот закон до Државниот збор (Парламент) на разгледување по итна постапка.