Hanife Sevinç,Hatice Şenses Kurukız,Lale Bildirici
23 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул изјави дека во корените на културата на неговата земја и народ не постои родова дискриминација, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во Истанбул зборуваше на Меѓународниот самит за жената и правдата.
„Не нè чуди што менталитетот кој вчера жената ја користеше како најпроста стока, и денес жената ја третира на ист начин, само што тоа овој пат е запакувано во рамноправност“, изјави Ердоган и додаде:
„Со векови на вратовите, нозете и рацете луѓето ставаа ланци и се продавани како стока. На нас не ни припаѓаат кодовите на таквот свет кој истовремено најпросто ги понижува и жените и децата“.
Ердоган истакна дека кога и да имал збор во политиката бил почестен со тоа да им овозможи на жените простор за дејствување и заедно со нив да чекори на тој пат.
„Денес во Големото народно собрание на Република Турција имаме 104 претставнички, меѓу кои се 53 од редовите на Партијата за правда и развој (АК Партија). Иако сметаме дека процентот на жените во турскиот Парламент од 17,5 сè уште не е доволен, мораме да кажеме дека тоа е рекорд“, изјави Ердоган и додаде:
„Во корените на нашата култура не постои родова дискриминација“.
Кога станува збор за застапеноста на жените на турските универзитети, Ердоган изјави дека речиси половина од академските работници се жени, поконкретно 44 отсто од нив.
„Меѓу нашите архитекти и адвокати 44 отсто се жени. Меѓу судиите и обвинителите 31 отсто се жени, околу 20 отсто жени има во дипломатијата. Процентот на жените во образованието е 56 отсто, во банкарството 51 отсто“, истакна Ердоган.