ВАШИНГТОН (АА)- Актерот добитник на наградата Оскар, Мурај Абрахам, кој години наназад заедно со своето семејство емигрирал од Сирија во САД, ја истакна потребата за помош на сирискиот народ од целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Според мене сето човештво треба да се запраша за својата улога со доаѓањето на овој свет. Сметам дека сите имаме заборавено дека сме луѓе пред сè“, истакна тој.
Мурај Абрахам во 1984 година ја доби наградата Оскар за најдобро остварена главна машка улога во филмот за животот на Моцарт, „ Амадеус“, каде ја имаше улогата на Антонио Салиери. Тој, по своето учество на состанокот на Конгресот на САД, одржан по повод бегалската криза, оствари разговор со дописникот на АА.
Абрахам раскажа дека неговиот татко, роден во Сирија, пред многу години заедно со семејството пребегнал во САД, но исто така потенцираше дека дел од неговите блиски се сѐ уште во Сирија и дека e потребнo да му се помогне на сирискиот народ.
„Треба да се преземат мерки за помош на овие луѓе“, рече Абрахам, притоа критикувајќи го неприфаќањето на зголемениот бран бегалци во САД во последниот период.
Абрахам побара отворање на вратите за бегалците од САД, кои имаат „најстрог скрининг систем за прифаќање на бегалци во светот“, додавајќи „Сакам да се разбуди американскиот народ. Сиријците не се непријатели. Тие имаат потреба од помош. И јас сум Сиријец. Луѓето од мојот народ дадоа свој придонес за оваа држава многу поголем од останатите. На пример, и двајцата мои браќа беа на служба во армијата. А, сега и двајцата почиваат во воените гробишта”.
Абрахам откри дека неговото семејство е од христијанска вероисповест, при што додаде дека и христијаните и муслиманите во Сирија, истовремено, претрпуваат големи потешкотии.
„Особено е тешко да се дојде во контакт со нив. Генерално добиваме информации за нив од други луѓе“, е одговорот на Абрахам на прашањето за контактот со блиските во Сирија.
- „Сиријците не се терористи“ -
Абрахам истакна за можноста на пронаоѓање на спремни луѓе и организации, кои ќе ги примат луѓето од Сирија и ќе им дадат можност за престој и работа. Притоа додаде дека тие нема никому да му претставуваат товар.
„Сметам дека не треба да го заборавиме фактот на моментална состојба. Како би се чувствувале вие, доколку бидете принудени да ја напуштите својата држава? Доколку најдете привремен престој, би се вратиле назад дома при првата можност, по средувањето на настаните, нели? Јас би се вратил. Jас предлагам одреден временски период да им пружиме рака на овие луѓе без да се плашиме од нив. Сиријците не се терористи. Моите роднини не се терористи“.
„Според мене, човештвото треба да се запраша себеси за својата улога со доаѓањето на овој свет. Сметам дека сите имаме заборавено дека сме луѓе пред сѐ. На светов има место за сите“, рече Абрахам, потенцирајќи дека „бомбите не се вистинското решение и дека светот конечно треба да се разбуди”.
- „Не е потребно да се биде славен“ -
Славниот актер ги повика сите оние кои можат да го кренат својот глас.
„Ќе сторам сѐ што би променило нешто. Дали има некаква полза од моето постоење не знам. Јас немам натежнато идеи во врска со својот индентитет. Верувам дека секој може да каже по нешто. Предлогот „вака треба да се направи“, не мора да биде кажан од личност кој славата ја стекнал благодарение на некоја телевизиска програма. Тоа може да биде секој.“
„Не зборувам само за бегалците од Сирија. Се осврнувам од аспект на сите бегалци генерално. Додека растев ме сметаа за Мексиканец, бидејќи како дете живеев во Ел Пасо. Зборувам Шпански. Пријатели ми беа луѓе кои живееле во Мексико. Одевме на гости едни кај други. Токму сега идејата за нивно враќање назад во Мексико и одделување од своите деца, е навистина сурова. Во оваа држава има место за сите. Сметам дека треба да го оставиме бомбардирањето на другите места, и парите да ги користиме за развој на Америка, за овозможување на работни места, за изнаоѓање на работи кои луѓето би можеле да ги прават. Јас знам дека тоа можеме да го постигнеме“, истакна Абрахам на крајот од разговорот.
Мурај Абрахам е роден во градот Питсбург, во 1939 година. Татко му бил поправач на автомобили кој емигрирал од Сирија во 1920-те години, а мајка му е Американка со италијанско потекло. Израснат во гратчето Ел Пасо, во близина на границата на Тексас со Мексико, Абрахам се насочил кон актерската кариера по поттикот и поддршката од своите наставници. Продолжил со актерството во Њујорк и Лос Анџелес а во 1983 година добива улога во филмот со Ал Пачино, "Scarface" (Лице со лузна). Во 1984 година ја добива наградата Оскар за најдобра машка улога во филмот „Амадеус”, а потоа и наградата Златен Глобус.
Освен учеството во значајни филмски остварувања, славниот актер забележа и свои улоги во низа телевизиски серии. Последното филмско остварување на Абрахам беше улогата на ЦИА агент во серијалот “Homeland“, која ја донесе неговата кандидатура за наградата Еми.
news_share_descriptionsubscription_contact
