Abidin Mutlu Bozdağ,Yakup Çabuk
04 Април 2016•Ажурирано: 05 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку две лица го загубија животот а петмина се повредени во лизгањето на земјиштето од кое денес се урна потпорниот ѕид на една кафетерија во истанбулскиот парк Ѓулхане, јавува Anadolu Agecy (AA).
Свлечиштето го урна големиот потпорен ѕид и еден дел од терасата на кафетеријата. На местото на несреќата стигнаа надлежните полициски, пожарникарни служби и екипите на итната медицинска помош. Полицијата ги евакуираше сите посетители во паркот и го обезбедни подрачјето.
Под срушениот ѕид спасувачките екипи ги извлекоа безживотните тела на еден маж и една жена, и спасија пет лица кои се згрижени во блиските истанбулски болници.
Гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, го посети местото на свлечиштето во туристичкото јадро на Истанбул и во кратка изјава за новинарите ги даде првите информации кои ги добил за последиците од денешната несреќа.
Истакнувајќи дека со истрагата ќе бидат утврдени сите причини и последици од појавата на свлечиштето, Шахин рече дека станува збор за подрачје кое има посебен статус и дека истрагата ќе биде водена во согласност со тоа.
Паркот Ѓулхане се наоѓа во туристичкото средниште на Истанбул, на самиот брег на Босфорот и во близина на палатата Топкапи, и е едно од најфреквентните подрачја во градот на два континента.