Bahattin Gönültaş
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Глобалните инвеститори коишто придонесоа за турската економија без никаков сомнеж можат да имаат доверба во неа, изјави денес турскиот премиер Бинали Јилдирим, пофалувајќи ја силната политичка моќ и стабилност на државната администрација, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на деветтиот состанок на Советот за инвестиции во Истанбул, Јилдирим изјави дека не постои „странски” инвеститор во Турција, туку само претприемачи.
„Ние делиме заедничка судбина. Вие дадовте долгорочен придонес за оваа земја. Знаете дека не можеме да ве гледаме како странци. Концептот „странец” не се однесува на инвестирањето во Турција. Секој кој ќе инвестира во Турција е претприемач на оваа земја”.
Јилдирим изјави дека турската Влада ќе обезбеди можности за сите, без дискриминирање на кој било инвеститор во Турција.
Премиерот Јилдирим нагласи дека довербата е значајна за локалните и меѓународните инвеститори, кои без сомнеж треба да имаат доверба во Турција.
„Довербата, како што сите знаете, е најголемо очекување за еден ивеститор. Продолжување на довербата значи реализирање на нови проекти и нови долгорочни планови за инвеститорите. Без сомнеж треба да имате доверба во Турција”.
- Силна и безбедна земја -
Јилдирим нагласи дека Турција, со својата силна политичка моќ и стабилност, е побезбедна од многу земји во светот.
„Турција е раководена од силна политичка власт која продолжува да се обновува, продолжува да реализира структурни реформи без прекин и ги исполнува очекувањата на локалните и глобалните инвеститори”, изјави тој.
Јилдирим истакна дека растот на турската економија треба да биде над одреден праг.
„Со цел да го зголемиме растот за плус 5 отсто, ние го уредуваме нашата екномска програма во согласност со тоа. На тој начин, ние не ја забораваме фискалната дисциплина”.
Турското министерство за економија на состанокот ги повика извршните директори на водечките меѓународни компании вклучувајќи ги Алстом, Алзахид Груп Холдинг, АПМ Терминалс, Банк оф Чајна, Бомбардиер, БП (British Petrol), Бурган Банк, Гемалто и Мајкрософт – за да ја презентира својата подобрена инвестициска средина и да ги привлече странските инвеститори.
„Потребна ни е вашата решителност и подготвеност за инвестирање во Турција. Нашата задача ќе биде да го расчистиме патот за вас и да ги елиминараме пречките со кои ќе се соочите. Ги очекуваме вашите мислења и предлози. Ќе видиме што можеме да ви понудиме за да инвестирате тука”.
Премиерот исто така нагласи дека 2017 година ќе биде голема година за поттикнување на инвестирањето во Турција.
„Ќе излеземе со нови владини стимулации за поголемо инвестирање во Турција”, изјави Јилдирим.