Nuri Aydın
27 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
АНКАРА
Капки за очи развиени од научници во САД можат да се користат како алтернатива на очилата за гледање од блиску, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во земјата, капките за очи „Vuity“ која ги подобрува нарушувањата на видот од блиску, почна да се препорачува и од офталмолозите по одобрението за употреба од Администрацијата за храна и лекови на САД.
Д-р Скот Мекреј, офталмолог од Центарот за визуелни науки на Универзитетот во истакна дека „Vuity“ може да биде корисна алтернатива за секој кој не сака да се плетка со очилата за гледање од блиску.
Д-р Џорџ Веринг, офталмолог и медицински директор на Институтот „Waring Vision“ во ‘Маунт Плезнт', Јужна Каролина исто така изјави дека капките за кој станува збор, се добра алтернатива на очилата за луѓе кои имаат потешкотии со видот од непосредна близина.
Професор Веринг истакнувајќи дека „Vuity“ има карактеристична разлика од очилата за гледање од блиску, рече дека капките за очи не ја заматуваат способноста за гледање од далечина, како што е тоа кај очилата од блиску.
Познато е дека оние кои носат очила одблиску треба да ги отстранат очилата одблиску за да добијат брз и јасен вид кога треба да гледаат на далечина.
Речиси 90 проценти од популацијата во САД на возраст над 45 години имаат оштетувања на видот од близина.