Ikrame Imane Kouachi
17 Февруари 2024•Ажурирај: 18 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку 83 Палестинци загинаа, а 125 лица се повредени во последните 24 часа додека Израел продолжува со нападите врз опколениот Појас Газа, соопшти Министерството за здравство во енклавата, пренесува Анадолу.
„Израелските окупациски сили извршија девет масакри врз семејствата во Појасот Газа, убивајќи 83 лица и повредувајќи 125 лица во текот на изминатите 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.
„Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.
Непочитувајќи ја привремената одлука на Меѓународниот суд на правдата минатиот месец, Израел го продолжи нападот врз Појасот Газа, каде што најмалку 28.858 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а 68.677 се повредени од 7 октомври, според палестинските здравствени власти.
Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас.
Според ОН, израелската војна против Газа турна 85 отсто од населението на територијата во внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.