Oktaj Omeragikj
02 Јули 2021•Ажурирај: 03 Јули 2021
СКОПЈЕ
Денеска се играат првите четвртфинални натпревари од нокаут фазата на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020. Се среќаваат Швајцарија - Шпанија и Белгија - Италија, известува Агенција Анадолија (АА).
Денеска на програмата на ЕВРО 2020 се првите два четвртфинални натпревари.
Првиот натпревар меѓу репрезентациите на Швајцарија и Шпанија започнува во 18:00 часот. Досега овие две репрезентации имаат одиграно 22 натпревари. Швајцарија извојувала победа на еден натпревар, пет средби завршиле без победник, а Шпанија славела на 16 натпревари.
Натпреварот меѓу овие две селекции ќе се игра на Стадионот „Санкт Петербург“ во истоимениот град во Русија.
Вториот натпревар денеска се игра меѓу репрезентациите на Белгија и Италија. Овие две селекции досега се сретнале 22 пати. Репрезентацијата на Белгија извојувала четири победи, четири натпревари завршиле нерешено, а селекцијата на Италија славела на 14 средби.
Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Алијанц арена“ во Минхен, Германија.
За утре се закажани преостанатите два четвртфинални натпревари. Средбата Чешка - Данска ќе се игра на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан, со почеток во 18:00 часот. Натпреварот меѓу Украина и Англија се игра на Стадионот „Олимпико“ во Рим, со почеток во 21:00 часот.