Serdar Dincel
26 Ноември 2025•Ажурирај: 27 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Израел мора веднаш да ги запре нападите со кои се крши прекинот на огнот во Газа и да ги исполни своите обврски, истакна денес Советот за национална безбедност на Турција, јавува Анадолу.
Турција е подготвена да преземе одговорности во механизмите што ќе обезбедат стабилност во Газа и ќе придонесат за напорите за обнова, се вели во соопштението на Советот по состанокот одржан во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.
Анкара ќе продолжи да дава поддршка за мирот, благосостојбата и безбедноста на сите сегменти на сирискиот народ, се наведува во соопштението.
Советот, исто така, се осврна на најновата ситуација во војната меѓу Русија и Украина и ги потврди континуираните напори на Турција со своите глобални партнери за воспоставување праведен и траен мир.