Bojana Stojanovic
26 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес по повод земјотресот што ја погоди Албанија изјави дека Србија е подготвена во рамките на своите можности да пружи секаков вид помош во отстранувањето на последиците од разорниот земјотрес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тешко е да се предвидат ваквите катастрофи и да се запре немилосрдната моќ на природата, но доколку Србија може на каков било начин да помогне, подготвени сме, во рамките на своите можности, да пружиме секаков вид помош во отстранувањето на последиците од разорниот земјотрес“, се наведува во писмото на Вучиќ.
Тој упати писмо со сочувство до претседателот и до премиерот на Република Албанија, Илир Мета и Еди Рама, по повод силниот земјотрес што ја погоди оваа земја.
„Со тага ги гледаме сликите од разорувањето во Драч и другите места во Албанија. Дозволете Вам и на семејствата на загинатите да ви упатам искрено сочувство, како и да изразам сочувство кон оние што трагаат по своите најблиски“, изјави Вучиќ, се соопштува од Претседателството на Србија.
Во земјотресот што ја погоди Албанија загинаа седум, а повредени се над 300 лица.